Голем пропуст и срам за Општина Кочани и за организаторите на одбележувањето. Луѓето кои први се организираа и помогнаа кога беше најпотребно, кои работеа неуморно 24 часа, кои воспоставија комуникација во странство уште од првиот ден со блиските на повредените – не беа ниту спомнати, ниту добија благодарница.
Станува збор за тимот на „Суппорт Кочани“– луѓе кои со големо срце и сопствена иницијатива застанаа рамо до рамо со повредените и нивните семејства, често борејќи се сами против системот и неорганизираноста.
Тие обезбедија една од најважните работи за повредените – медицински лепенки и креми, како и специјална компресивна облека, за која дојдоа и екипи што земаа мерки за секој повреден. Станува збор за огромна помош, која беше обезбедена со донации, иако опремата беше исклучително скапа.
Покрај тоа, обезбедија и медицинска опрема, која со комбиња волонтерски ја донесоа, меѓу која и хипербарична комора – опрема која, за жал, до ден-денес не е ставена во употреба.
Затоа, големиот срам оди на адреса на организаторите што не ја препознаа оваа пожртвуваност.
А ние, како медиум, сакаме јавно да им упатиме огромна благодарност. Вашата посветеност, хуманост и истрајност ги знаат и ги ценат граѓаните, повредените и нивните најблиски. Тие најдобро знаат кој и како се бореше во изминатиот период.
Уште еднаш – ВИ БЛАГОДАРИМЕ. 🙏

