Денес, точно една година по кобната ноќ која засекогаш го промени ликот на Кочани и зави во црно десетици семејства, низ градот владее ненадминлива тага. Во Паркот на револуцијата, поставени се 63 празни бели столчиња, кој го стегат и најсилното срце.
Секое од нив претставува една прекината приказна, една неизживеана љубов и еден недовршен сон трагично згаснати во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„63 бели столчиња, 63 имиња, 63 животи што недостигаат“ е пораката која силно одекнува. На секое од наредените столчиња е положена по една бела роза како моќен симбол за чистотата и невиноста на изгубените животи, а на секој наслон е испишано името на еден од загинатите.
Пред овој „споменик на тагата“, отворена е и книга на жалост, во која делегациите и граѓаните можат да ги впишат своите последни поздрави кон оние чие физичко отсуство остави ненадоместлива празнина.

