Додека владини делегации и високи гости седеа во фотелјите на неодамна реновираното кино „Бели Мугри“, над нивните глави висела сериозна опасност. Ексклузивната фотографија од противпожарниот апарат во објектот открива фрапантна негрижа и сомнителни обиди за прикривање на неисправноста!
Манипулација или негрижа?
На сервисната картичка јасно се гледа дека:
– Официјалната ознака (дупката) за извршен сервис е на годината 2021!
– Датумот на горниот дел е рачно допишан со пенкало на 06.09.2023, што не се совпаѓа со официјалното означување во табелата.
– Полињата за 2024 и 2025 година се празни.
Ова значи дека апаратот законски е НЕИСПРАВЕН веќе неколку години. Од свеченото пуштање во употреба на реновираното кино во 2023 година до денес, овој апарат очигледно не поминал вистинска контрола!
Дали безбедноста на граѓаните и делегациите е само „на хартија“? Како е можно во објект каде престојува државниот врв, основното средство за заштита од пожар да биде со поминат рок?
Што е со хидрантите? Ако еден ПП апарат е во ваква состојба, дали воопшто има функционална хидрантска мрежа и кога последен пат е испитан притисокот на водата?
Кој се потпишал на оваа картичка? Дали некој свесно манипулирал со датумите за да се создаде привид дека објектот е безбеден?
ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА!
Ова е тој истито систем и истите луѓе што со своето непостапување и непрофесионалност придонесоа до низа пропусти и трагедија!
Ова не е ситен административен пропуст, туку директно загрозување на јавната безбедност. Законот за пожарникарство е јасен, а казните за вакви пропусти се огромни. Кој ќе преземе одговорност доколку се случи несреќа во преполна сала, а опремата за гасење е само „украс“ на ѕидот?
Граѓаните на Кочани заслужуваат одговори, а не импровизации со нивните животи!


