По последните мерки во Кочани, дел од локалните кафулиња ги отстранија застаклените тераси, но наместо вистинско отворање на просторот, поставија пластифицирани ролетни.
Граѓаните реагираат – која е поентата? Дали станува збор за дупка во законот или прогледување низ прсти?
Иако формално едно се отстранува, практично се поставува друго, а ефектот останува ист – затворен простор во кој чадот од цигари повторно останува внатре, наместо да има вистинска проветреност.
Според важечките правила, просторот треба да биде отворен од најмалку две страни, без пречки, што во овој случај очигледно не се почитува целосно.
Граѓаните бараат јасни правила и еднаква примена за сите, без импровизации и заобиколувања на законот.

