Сто и педесет садници од јасен, јавор, црвена слива, индиски јоргован, бреза, туја и ликвидамбир се засадени на улиците „Четврта македонска бригада“, „Скопска“ „Тодосија Паунов“, во разделните зеленила на градските сообраќајници, во Градскиот парк, а се обновуваат и испразнети места во дрворедите низ градот.
Хортикултурното уредување и озеленување на јавните површини се реализира со средства од Буџетот на Општина Кочани, според програмските активности за заштита на животната средина.
Комуналните инспекциски служби од Општина Кочани апелираат за совесно и одговорно однесување кон новите садници, дрвјата и воопшто кон зелените површини.

