Палењето на ниви не е само штетно за животната средина, туку е и сериозна опасност за безбедноста на граѓаните.
Оваа фотографија од денес е јасен доказ дека огнот не е играчка. Чадот директно го покрива патот, ја намалува видливоста и го прави поминувањето ризично за сите учесници во сообраќајот.
Една искра е доволна за да се случи несреќа со сериозни последици.
Институциите мора конечно да стават крај на оваа опасна пракса. Потребни се контроли, санкции и превенција – не само реакции кога веќе ќе биде доцна.
Очигледно е дека моментално нема доволно интерес за решавање на проблемот, но безбедноста на граѓаните не смее да биде занемарена.

