Основно јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место во близина на Виница, каде е пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје.
Според досегашните информации, станува збор за ловочувар кој бил дел од група за комерцијален лов.
Во тек се активности за обезбедување докази, како и претреси и вештачења на пронајдените траги.
Задржани се тројца странски и еден македонски државјанин, кои биле дел од истата група, и се испитува нивната евентуална инволвираност во настанот.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата, по што се очекуваат повеќе информации.

