Поминаа неколку дена од уривањето на пицериите, на улица Димитар Влахов зад себе остана вистински хаос. Наместо уреден и исчистен простор, граѓаните сведочат за расфрлан шут, остатоци од градежни материјали и небезбедна околина.
По вакви активности, неопходно е целосно расчистување и безбедно отстранување на градежниот отпад.
Оставањето ваква слика во централно градско подрачје е недозволиво.


