В.д. градоначалникот Венко Крстевски поднесе пријава за итно постапување поради сомнеж за бесправна градба на локацијата кај Градскиот трговски центар Блок А, на улица Димитар Влахов, каде претходно беа отстранети пицериите.
Во пријавата се наведува дека на терен се изведуваат градежни активности за кои постои сомнеж дека се без соодветна дозвола и спротивни на Законот за градење, што предизвикува загриженост кај граѓаните од аспект на безбедност и урбанистички ред.
Крстевски бара:
– итен увид на лице место
– проверка дали постои валидна документација
– преземање соодветни мерки доколку се утврдат неправилности
Дополнително, се поставуваат прашања дали поставувањето тенди и настрешници е согласно програмата за урбана опрема, дали има издадени одобренија и дали е обезбедена согласност од сопствениците.
Тој бара записник од увидот да му биде доставен, а доколку се утврди нелегална градба – истата веднаш да биде стопирана, во спротивно најавува кривична пријава.
„Дали е ова ‘џентлменскиот’ договор и дали безредието продолжува? Нема да прекинам додека Општина Кочани не почне законски да постапува“, стои во реакцијата.

