Сопствениците денес започнаа со поставување на подвижни тенди, иако постои сериозен правен и безбедносен спор околу нивното поставување.
Според важечките прописи, за користење на заеднички простор (дворно место на зградата), потребна е согласност од над 50% + 1 од станарите. Во конкретниот случај, од вкупно 108 станари, ваква согласност е неопходна – а согласност нема.
Сопствениците стравуваат и од нови безбедносни обврски, додека од Општината, како што велат, добиле усни уверувања дека ќе им бидат издадени решенија за „модернизација“ на терасите.
На терен денес биле присутни градежниот инспектор Николчо Гоцев и раководителот на сектор урбанизам Кирил Алексиев, но и покрај тоа – не е издадено ниту едно одобрение за градба, ниту пак е стопирана изградбата.
Ова отвора сериозен сомнеж дека Општината повторно постапува по принцип на „усен договор“, наместо согласно закон.
Претставникот на станарите Венко Крстевски веќе поднесе кривична пријава до инспекторите, а најави и кривична пријава против градоначалникот, кој според него е директно вклучен во случајот.
Градежните активности без одобрение не смеат да започнат. Ова не е само административен пропуст, туку сериозен прекршок со елементи на кривично дело.
Законска рамка: – Според Законот за градење, градење без одобрение е забрането и подлежи на итно стопирање и санкции
– Според Кривичниот законик, злоупотреба на службена положба и овластување претставува кривично дело
– Непочитување на урбанистички прописи и постапки носи одговорност за сите вклучени лица
Граѓаните бараат јасен одговор: дали законот важи за сите, или повторно важи само за некои?

