Пицериите кај кои беа констатирани дивоградби и беа срушени изминатата недела, денес повторно започнаа со поставување на подвижни тенди.
Граѓаните оправдано прашуваат: како за едно обично одобрение се чека со месеци, а во овој случај за само неколку дена се добиени дозволи, излезен инспектор на терен и „средена“ целата документација?
Сето ова остава простор за сериозни сомнежи, особено ако се знае како функционира системот и колку време вообичаено е потребно за вакви постапки.
Граѓаните бараат транспарентност и еднаков третман за сите – законот мора да важи подеднакво.

