Улицата „Димитар Влахов“ го достигна врвот на хаосот. Целосно е узурпирана од автомобили, тротоарите на места ги нема, а таму каде што постојат – се претворени во паркинг. Пешаците, меѓу кои и деца, се принудени да се движат по улица без никаква безбедност.
Граѓаните бараат итни мерки ослободување и реконструкција на тротоарите по целата должина, нов сообраќаен режим и промена на правецот на движење (од Стришани кон поранешен Црвен крст), отворање нова врска за да се избегне непотребно кружење, обележување на паркинг места и воведување ред. Со ова значително ќе се олесни и пристапот кон улицата Илинденска, која веќе е еднонасочна и создава дополнителни проблеми за жителите.
Ова е строг центар низ кој секојдневно поминуваат многу граѓани. Ваквата состојба е недозволива. Ред мора да има – и тоа веднаш.

