Добредојдовте на ртм.мк – платформа создадена за граѓаните!
Со гордост го започнуваме нашиот пат како локална платформа за решавање на битни проблеми. Тука можете да пријавете еколошки проблеми од вашата околина, да предложете решенија и да следите дали институциите реагираат.
Нашата мисија е да ја зголемиме транспарентноста, да го поттикнеме одговорното работење и заедно да изградеме почиста и поздрава средина.

Инспирација за името ртм.мк го добивме од камен ѕид покрај реката познат како р’тм.
Тој е симбол на спојот помеѓу природата и човечката креативност, служи како заштита, стабилност и естетика. Во Кочани, р’тмот има особено значење – тој ги обликува бреговите на реката и ја нагласува природната убавина на околината.
Овој термин не ја одразува само функционалната улога на камените ѕидови, туку и нивната културна и историска вредност. Р’ТМ е сведок на времето, со кој се градат приказни за заедништво, напор и врска со природата.
