Дејан Николов, како сведок на обвинителството одговараше на прашања пред судот. Ноќта на 16 март со неговиот син бил на концертот на ДНК, излегле надвор пред да избувне пожарот и биле во близина на објектот.
„Забележав дека снема струја и тогаш настанаа големи врисоци, страшни беа и почна силен дим да излегува од предниот дел. Од женското ВЦ видов дека вентилаторот не работеше, излегуваше црн чад. Децата ги фати паника. Првин почнав да прскам со цревото во вентилаторот. И тогаш слушнав гласови и тропање. Со решетки беше тој прозор, до него имаше уште еден прозор, кој беше заграден. Потоа ги скршивме прозорците а на самите решетки се фатија девојчиња, плачеа, врескаа, се обидов да ги смирам и одлучив да ги прскам со вода. Син ми до мене стоеше и цело време велеше „Те молам тато спаси ги”, ја велев дека ќе дојде противпожарна. Побараа, „Чичко прскај, полесно така дишеме”. Пожарникарите потоа брзо дојдоа.”
Родителите на загинатите низ солзи го слушаа ова сведочење. Тие претходно изразија сомнеж дека обдукциските наоди за причините за смртта се нецелосни и бараат Дополнителни токсиколошки анализи. Пред стартот на судското рочиште, рекоа дека институциите потврдиле можност за присуство на цијанидни гасови во просторот, но не било испитано дали го имало и во телата на жртвите.
Ова следува по истражувањето на ИРЛ според кое детали од обдукциските наоди откриваат дека возможно е смртта да насапила како резултат на труење со цијановодород што се ослободува кога гори полиуретански сунѓер.

