Пред точно една година, кошаркарскиот клуб Баскет Дино го организираше голениот хуманитарниот натпревар „40 дена тишина“ – настан кој прерасна во многу повеќе од спортски натпревар.
Овој настан остана запаметен како првиот хуманитарен спортски настан од голем размер во Кочани по трагедијата, момент кога градот за првпат повторно се обедини на едно место.
Спортската сала таа вечер беше исполнета до последно место. Од сите страни трибините беа преполни со публика – граѓани, спортисти, пријатели и семејства, кои дојдоа со една заедничка цел: да оддадат почит и да покажат поддршка.
,,40 дена тишина“ не беше само натпревар. Тоа беше симбол на заедништво, солидарност и почит. Натпревар во кој резултатот беше во втор план, а најважно беше чувството дека Кочани повторно дише како едно.
Овој настан покажа дека и во најтешките моменти, спортот има сила да обедини, да даде надеж и да ги зближи луѓето. Баскет Дино, како организатор, беше дел од еден историски момент за градот – момент што ќе остане врежан во колективната меморија.
Една година подоцна, споменот за тој ден е сè уште силен.Но истовремено, тој претставува и потсетник дека ваквите иницијативи треба да продолжат – во чест на оние што ги нема, и во поддршка на заедницата.
Во таа насока, клубот најавува дека во блиска иднина ќе организира нов голем хуманитарен кошаркарски натпревар, со истата цел – обединување, поддршка и почит.
Кочани покажа дека знае да биде едно кога е најтешко.И токму затоа, ваквите моменти не се забораваат – тие се градат понатаму.
🕯️ Кочани се сеќава.🕯️ Кочани не заборава. Вечна им слава.

