06/05/2026

ООУ „Никола Карев“ – Кочани објави дека се врши поправка на кровната конструкција на спортската сала, но наместо позитивен пример – фотографиите отворија сериозни прашања.

На официјалните објави јасно се гледаат работници без никаква заштитна опрема, додека лицето кое фотографира се наоѓа директно на кровот. Ова отвора дилема: кој дозволил вакви небезбедни услови за работа и зошто тоа јавно се прикажува како нормална практика?

Дополнително загрижува и фактот што возило со корпа, користено на локацијата, е без видливи регистарски ознаки – што повторно отвора прашања за законитоста на ангажманот.

Јавноста прашува и за одговорноста на директорот Александар Андов, имајќи предвид дека станува збор за лице со повеќе функции. Дали во вакви ситуации некој ќе сноси одговорност?

Во услови кога сè почесто сведочиме на несреќи на градилишта, вакви сцени не смеат да се игнорираат. Законот за безбедност при работа важи за сите – без исклучок.

Останува да се види дали надлежните институции ќе покренат постапка и ќе го расчистат случајот, или и ова ќе помине без одговорност.