Општината реагираше на поднесената пријава за агресивни улични кучиња. Во продолжение ја пренесуваме целосната информација добиена од Општинскиот комунален инспектор Александар Велков:
На 22.12.2025 година беше спроведена акција за заловување на кучиња бездомници на територијата на Општина Кочани. Делот околу плоштадот беше опфатен при оваа акција, но тој ден не беа забележани кучињата кои се прикажани на фотографиите доставени со пријавата.
Улицата Кеј на Револуцијата, под градската аптека, истиот ден не беше опфатена со акцијата, бидејќи улицата беше затворена поради обележување.
За утре, 26.12.2025 година, закажана е нова акција за заловување на кучиња бездомници, која ќе се реализира токму во делот посочен во пријавата.
Дополнително, комуналните редари ќе го опоменат лицето кое вади отпад од контејнерите и ги храни кучињата на јавна површина.
Остануваме да следиме дали мерките ќе дадат резултат и дали ќе се подобри безбедноста на граѓаните.

