Кочани доби втор независен кандидат за градоначалник. По најавата на актуелниот в.д. градоначалник Венко Крстевски дека ќе настапи како независен, своја кандидатура поднесе и економистот и граѓански активист Зоран Тодоров.
Во следните недели се очекува двајцата да ги претстават програмите – од комунална инфраструктура и управување со отпад, до финансиска дисциплина, транспарентност и социјални услуги.


