Граѓанин нападнат од глутница кучиња кај кружниот тек кај „Атомските згради“
До нашата редакција реагираше загрижен граѓанин кој синоќа бил нападнат од глутница бездомни кучиња во близина на кружниот тек кај т.н. „Атомски згради“ во Кочани.
Според неговото сведоштво, инцидентот се случил во вечерните часови, кога при движење низ тој дел од градот бил опколен и нападнат од повеќе кучиња. За среќа, нападот завршил без потешки последици, но граѓанинот потенцира дека опасноста е реална и дека секојдневно низ овој потег се движат деца, ученици и повозрасни лица.
Овој случај уште еднаш ја отвора темата за справување со проблемот со бездомните животни во градот. Граѓаните бараат институциите да преземат конкретни мерки за нивно згрижување и хумано решавање на ситуацијата, со цел да се спречат можни трагични последици.

