Граѓанин реагира дека во тунелите и влезовите на станбените згради во близина на градскиот плоштат секојдневно се соочуваат со нехигиенска слика.
Според нивните пријави, на овие места често се уринира, а неретко има и човечки измет.
„Секојдневно мораме да минуваме низ овие простори, а миризбата и сликата се навистина неподносливи,“ велат жители од околните згради, барајќи итна реакција од надлежните институции.
Проблемот е со години, претставува и сериозен ризик по јавното здравје. Граѓаните апелираат до Општината и Јавното комунално претпријатие да преземат мерки за редовно чистење, поставување на видео надзор и зголемени инспекциски контроли, со цел ваквите појави конечно да престанат.

