Граѓаните на Кочани сè погласно реагираат на состојбата во центарот на градот, каде што во градскиот парк и дворот на поштата владее вистинска „џунгла“.
Наместо среден и негуван зелен простор, кој треба да биде место за прошетка, одмор и гордост на центарот, граѓаните сведочат на висока трева, грмушки и запуштени делови.
„Вака ли треба да изгледа лицето на нашиот град?“, прашуваат револтирани жители, додавајќи дека Кочани заслужува многу подобро уредување и редовна грижа за јавните површини.
Според нив, недоволната контрола и занемарувањето од страна на институциите оставаат впечаток на запуштеност и неуреденост.


