НАШИТЕ ДЕЦА ВО НЕБЕСАТА,НАШИТЕ И ВАШИТЕ ЧЕКОРИ НА ЗЕМЈАТА, НИЕ И ВИЕ – НИВНИОТ ГЛАС 💔🕊️
Ова се нашите деца, нашите ангели, нашите души – кои ни ги украдоа, кои ни ги убија! 😭💔😭Тие беа ваши другари, братучеди, внуци, соседи, сограѓани… За жал, беа – но повеќе не се.Ако ги чувате во срце моментите со нив и сакате да им оддадете почит, ве покануваме, во нивна чест, да ни се придружите на:
✨ Маршот на ангелите ✨
📅 Сабота, 06.09.2025
⏰ 17:05 часот
📍 Паркот на револуцијата, Кочани
✊ Заедно да докажеме дека вистинска правда за нивната смрт мора да има!
➡️ Овој марш е глас за вистинска правда за нашите деца‼️
➡️ Овој марш е чекор кон подобра и посигурна иднина за сите‼️
🕊️ Да застанеме заедно – во нивно име, во име на љубовта, правдата и животот.Маршот на ангелите – затоа што тие заслужуваат правда, а ние иднина‼️

