Според првичните информации, три лица се здобиле со изгореници, меѓу кои и едно лице од ТППЕ Штип, на терен се амбулантни возила од Виница и Кочани.
Повредените веднаш се префрлени на итна медицинска интервенција во болница. На терен се пожарникарски екипи и служби за спасување, а борбата со огнената стихија сè уште трае.
Надлежните институции упатуваат апел до сите граѓани да ги избегнуваат движењата со автомобили доколку немаат неопходна потреба.
Во моментов улиците и приодите кон критичните точки се потребни за непречено движење на возилата на Противпожарната служба, Брзата помош и другите служби за итни интервенции.
Секое непотребно движење со приватни автомобили може дополнително да го отежни пристапот и да го успори гаснењето на пожарот.

