Минатата ноќ беше исправено пред еден од најголемите предизвици кога станува збор за урбани пожари.
По барање на ТППЕ Виница, со 12 пожарникари и 3 возила интервениравме на големиот пожар кој избувна во фабриката Мак Прогрес во Виница.Нашите екипи останаа на терен до доцна во ноќта, со максимални напори за локализирање на пожарот и спречување на негово понатамошно ширење.
За жал, еден наш член при интервенцијата се здоби со изгореници од растопен шеќер. По укажаната лекарска помош е во стабилна состојба и пуштен на домашно лекување. Му посакуваме брзо и целосно закрепнување.

