На 19-ти септември во Градскиот Парк од 18:00 до 20:00 часот – „Вело родео“ – активности во рамки на Европската недела на мобилност, во соработка со организацијата Вело Училишта.
Ќе се спроведат работилници за безбедно возење велосипед и настан на велосипедска патека со препреки и предизвици, со цел едукација и поттикнување на користење алтернативни и еколошки видови транспорт.

