Жителите алармираат дека речното корито во овој дел од градот е оставено на милост и немилост – висока трева, неискосени површини и неискроени дрвја кои создаваат вистински хаос.
Дополнителен срам е состојбата на новата пешачка патека покрај реката, која наместо да биде гордост на градот, денес личи на запуштен простор: исушени украсни борчиња, необработени тревни површини и обраснати грмушки.
Граѓаните со право прашуваат – зошто се инвестира во нови содржини ако институциите не можат да се грижат за постојните?
Вака, наместо уреден и зелен простор за прошетка, добиваме уште една жална слика за неуредување и негрижа.






