Жител на с.Тркање реагира на катастрофалната состојба со постојано преполни контејнери, кои не само што се полни со ѓубре, туку шират и неподнослива смрдеа и создаваат вистински хаос во селото.
Но, тоа не е сè – веќе повеќе од три недели низ една од улиците тече вода од пукната цевка, а институциите и надлежните служби се уште не преземаат ништо.
Жителите прашуваат: До кога ќе трае оваа негрижа? Зошто надлежните молчат додека сликата на селото станува поцрна од ден на ден?




