Денеска водата во Кочанска Река тече со кафеава боја. Пред само неколку денови граѓаните алармираа дека низ реката се излева канализација и дека се чувствува силна непријатна миризба.
Граѓаните забележуваат дека и водата во браната е чудна, а на одредени делови може да се примети присуство на канализација.
Се поставува прашањето: Дали поморот на рибите што се случи пред неколку недели е поврзан со ова загадување?
Надлежните институции мора да одговорат – ќе интервенираат ли конечно и ќе проверат што навистина се случува со водата? Или повторно ќе останеме само со сомнежи и реакции?
Кочани заслужува чиста вода, чиста река и одговорност од сите кои треба да се грижат за тоа.


