Жителите реагираат дека отпадот во населбата Сиви Дом не се собира редовно.
Полните контејнери создаваат вистински хаос и неподнослива смрдеа, а проблемот е уште поголем бидејќи контејнерите се наоѓаат во непосредна близина на спортското игралиште каде секојдневно играат деца.
Дали некој во Општината е свесен за овој проблем? Кој ќе преземе одговорност за ваквите услови во кои живеат граѓаните?
Кочани заслужува хигиена, ред и одговорност – а не рамнодушност и запоставување.



