Нашиот обид да добиеме кратко интервју со директорот на КЈП „Водовод“, составено од само 10 прашања поврзани со хаосот во градот – несобраниот отпад, неискосените тревни површини, џунгла и змии во центарот на градот, дефекти што со месеци стојат нерешени и сликата на запуштен град – заврши без одговор.
Наместо транспарентност и отчетност пред јавноста, добивме молк. Наместо решенија и конкретни ветувања, добивме игнорирање на гласот на граѓаните. Граѓаните имаат право да знаат зошто Кочани тоне во нечистотија, прашина и неуреденост, и зошто институциите што се платени од нашите пари не си ја вршат работата.
Молкот не е одговор!
Време е за вистинска одговорност и отчетност пред граѓаните!
Дали е ова нормално!?







