Време е КЈП „Водовод“ да инвестира во хигиена и механизација, ваквото работење без план и инвестиции е хаотично.
Кочани со години ја носеше титулата еден од најчистите градови во Македонија, но денес сликата е поинаква – прашина, кал, полни контејнери и нечисти улици.
Најважен приоритет за градот мора да биде инвестиција во нова механизација за миење и чистење на улиците, како и редовно собирање и транспортирање на отпадот.
Потребен е јасен план и стратегија – секој дел од градот да се одржува континуирано, а не повремено и хаотично.
Само така Кочани може да ја врати титулата на град без кал, без прашина и со високи хигиенски стандарди.
Граѓаните очекуваат организирана и ефикасна комунална служба, а не импровизации. Чистотата е основа на квалитетот на живот и достоинството на еден град.

