Рокот за замената на табличките е 15 септември, но доколку некоја институција не ја исполни обврската, при следната регистрација возилото ќе добие црвени ознаки.
„Ова не е само техничка промена, туку суштинска реформа која ја зајакнува довербата на граѓаните и ја потврдува одговорноста на институциите,“ изјави Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност.
Иако службените возила на општините според закон треба да бидат со црвени регистарски таблички, во Кочани сè уште се возат со обични, бели таблички.
На овој начин граѓаните немаат можност да препознаат дали возилото се користи за службени или приватни потреби, што остава простор за злоупотреби и недоверба.
Општината е должна да обезбеди транспарентност, време е Општина Кочани да покаже отчетност и да ги усогласи своите возила со законот!
Граѓанин може да пријави злоупотреба на службено возило за приватни или партиски цели, за таа намена Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) отвори телефонска линија 070 399 050 и е-пошта prijavizloupotreba@sozr.gov.mk

