Со потсетување на најголемата трагедија во современата историја која се случи во Кочани, Дино Мерлин во Штип емотивно го изведе хитот „Да је туга снјег”.
Додека стоеше на сцената и чекаше да започнат првите стихови, на видео бимот зад него се појави зборот „Кочани” со симбол на скршено срце и емотивните инструментални ноти.
Овој момент беше поздравен од публиката со долг аплауз, а меѓу присутните имаше и многу солзи.
На настапот во Штип вчера се проценува дека присуствувале над 130.000 посетители.



