Денес направивме еден мал експеримент – ја прашавме вештачката интелигенција да креира слика како таа “мисли” дека треба да изгледа речното корито на Кочанска Река во центарот на градот.
Резултатот е интересен – модерно уредено корито со пешачки патеки од двете страни, клупи за седење и средено зеленило. Сосема поинаква визија од сегашната состојба што секојдневно ја гледаме.
Време е некој да почне да размислува и за иднината – а визијата веќе ја видовме.







