Од кружниот тек кај двојниот мост па сè до кружниот тек во стришани, веќе 24 часа нема вода.
Без вода се оставени домаќинствата, дуќаните и угостителските објекти – што создава огромни проблеми за секојдневието.
Граѓаните реагираат дека спорото и непрофесионално отстранување на дефектите создава вистински хаос, а никој не носи одговорност за ваквата состојба.

