Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила од утре, важат нови правила за употребата на мобилните и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите.
Казната ако поминувате на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра.
Пешакот е должен да се движи внимателно, да застане да погледне лево, потоа десно и доколку е безбедно да помине без да користи уреди како телефон или слушалки кои го намалуваат вниманието при преминување на коловоз.

