Пратеници од власта и опозицијата, полицискиот началник, јавниот кочански обвинител, локалниот претседател на судот, претставници од Црвен Крст, претставници од ТППЕ, градоначалникот и претседателот на Советот на општината, инспектори од сите институции биле членови на Локалниот совет за превенција надлежен да ја подигне сигурноста и безбедноста на граѓаните на Кочани.
Целта на таквиот совет е да ги детектира можните опасности за локалните граѓани, вклучително и за нивната безбедност и пожари. Имал задача да ги анализира работите кои загрижуваат од поглед на безбедноста.
НА 12-ти Јануари 2024 година Локалниот совет за превенција констатирал дека безбедносната состојба на подрачјето на општина Кочани е стабилна, а координацијата помеѓу органите и институциите на подрачјето на општина Кочани е добра и истата треба во иднина да се продлабочува и надоградува. На одржаниот состанок исто така се констатирало дека надлежните инспекциски органи зачестено да вршат контрола во угостителските објекти на подрачјето на Општина Кочани.
„Пулс“ со фалсификувана лиценца, го толерирале сите власти.
Дали овие челнови на Локалниот совет за превенција земале парични додатоци, заседавале најмалку шест пати во годината?
Доколку Советот навреме ги анализираше ризиците и ги преземаше потребните мерки, трагедијата можеби ќе беше спречена.
Сега, прашањето е – дали членовите на Советот ќе понесат одговорност? Бидејќи, ако некој не ја врши својата задача, тоа повлекува одговорност, особено кога последиците се фатални.
Целата листа е јавно достапна и сите имаат вина не само за „Пулс“, туку и за сите останати над 400 небезбедни објекти кој се констатирани од градежен инспектор и за кој постојат записи
.





