По објавените докази дека инспектори комуницирале со синот на газдата и газдата на дискотеката ,,Пулс”, издавале службени тајни и акции, примале поткуп, управата за јавни приходи веднаш пристапи кон спроведување на внатрешна проверка на наводите изнесени во објавата и донесе Решение за суспензија на вработените лица кои се опфатени во случајот, сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба. Оваа мерка е преземена со цел заштита на институционалниот интегритет, угледот на Управата и довербата на граѓаните.
Но дали ќе има кривична одговорност и правда останува да видиме.

