Родителите на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ вчера го одржаа протестниот „Марш за ангелите“.
Тие побараа целосно презентирање на сите докази, проширување на обвинението и кон други вмешани лица, јавна одговорност за пропустите во обвинителниот акт, како и итно преиспитување на решението за домашен притвор и обезбедување еднаков третман за сите осомничени.

