Иако пред неколку месеци беше најавено обележување на повеќе градски улици, состојбата на терен и денеска е речиси непроменета. Дел од улиците се обележани само половично, а голем дел воопшто не се допрени. Фирмата што ја изведуваше работата веќе си замина, но зад себе остави недовршени површини и хаос во сообраќајната сигнализација.
Парите на граѓаните се потрошени, но резултатот — незавршена работа. Испративме официјален мејл до Општина Кочани со прашање зошто проектот не е целосно реализиран и дали ќе се преземат мерки, помина долго време но до овој момент одговор не добивме.
Дали општината повторно ќе премолчи за уште еден недовршен проект или конечно ќе има отчетност пред граѓаните. Граѓаните заслужуваат транспарентност, а не тишина.

