Сѐ почесто гледаме дека и кај новите инфраструктурни проекти во Кочани, улиците се прошируваат, се прават булевари со четири ленти, но без никаква реална заштита за децата и учениците кои секојдневно минуваат таму.
Пред училиштата недостига целосна безбедносна инфраструктура – нема доволна прегледност на пешачките премини, нема јасна сигнализација, а поставувањето на еден знак „Зона 30“ или еден лежечки полицаец не е доволна мерка за заштита на најмладите.
Безбедноста мора да биде приоритет број еден, не проширување на улиците по секоја цена, дали е нормално дете да поминува огромни четири ленти без никаква прегледност и минималните пешачки острови од неколку сантиметри?
Една безбедна лента пред секое училиште е повредна од секој нов булевар.
Време е Општина Кочани да покаже дека животот и безбедноста на учениците ѝ се поважни од „убави“ проекти и асфалтни фотографии.

