По долготрајната и тешка битка со последиците од трагедијата во Кочани, денес во приватната клиника каде што повеќе од шест месеци се лекуваше, почина Владимир Блажев – Панчо, предводникот на ар ен би дуото ДНК.
Неофицијалните информации говорат дека последните недели, особено последните денови се борел со тешка бактериска инфекција, која била животнозагрижувачка, а лекарите и медицинскиот песрсонал и покрај целата борба и се што можеле да сторат, а било во нивна моќ, не успеале да му го спасат животот.
Тој беше познат и како голем хуманитарец, кој заедно со Андреј низ годините им помогнаа на голем број семејства и лица кои имаа потреба од секаква помош.

