Времето минува, но болката останува иста. Денес се навршуваат седум месеци од трагедијата која засекогаш го промени Кочани и цела Македонија.
Седум месеци од ноќта кога 63 млади животи згаснаа предвреме, оставајќи зад себе празнина, тага и безброј прашања без одговор.
Сеќавањето не бледнее — во секоја свеќа, во секој поглед кон небото, во секое срце што чука за изгубените ангели.
Ама и гневот не стивнува, а сите си ги поставуваме прашањата: Дали некој ќе одговара? Дали нешто се промени за да не се повтори ваква трагедија?
Или повторно тишината ќе биде одговорот на институциите?
Да не заборавиме — ова не е само болка на семејствата, ова е рана на целиот град, на целата држава.
Да не дозволиме времето да ја покрие со заборав.
Нека им е вечна светлината.

