И покрај трагедијата во дискотеката „Пулс“, која засекогаш ќе остави белег врз Кочани, и покрај сите неисполнети ветувања низ изминатите децении – денес граѓаните повторно излегоа во значителен број на гласање.
Но, прашањето што реално треба да си го поставиме е:
Што треба да му се случи уште на овој град за конечно да се освестиме?
Кога во 2025 година повторно гласаме за канализација, за неколку метри асфалт и за најосновни услови за живот, тоа не е демократија – тоа е заборав. Заборав на оние 63 изгубени животи и над 200 повредени млади луѓе, заборав на сите што заслужуваат подобро.
Промената не е само во партиите, бидејќи тие секогаш го менуваат само местото децении изгубени во празни ветувања.
Промената е во свеста.
Сè додека не се смени свеста, Кочани ќе плаќа цена — со своите деца, со своите улици, со својот мир.
Сакаме промена на системот – но гласаме за истиот тој систем и веруваме во истите лаги.

