Во просториите на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани денеска се реализираше тактичко – показна вежба на симулирано гаснење на пожар и укажување прва помош на повредени лица.
Пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Кочани по претходно утврдено сценарио симулираа гасење на пожар во објектот на средното училиште и извлекување на повредени лица.
Волонтери на Црвен крст Кочани обучени по прва помош укажуваа помош на симулирани случаи на повреда.
Во тактичко – показната вежба беа вклучени тимови на Територијалната противпожарна единица Кочани и Црвен крст Кочани.
Тактичко – показната вежба беше оценета како успешна.


