Во Словенија, по убиството на еден човек, паднаа двајца министри — за внатрешни работи и за правда. Тоа го нарекоа „објективна одговорност“.
А кај нас, во Македонија — по 63 загинати и над 200 повредени со трајни лузни и трауми — немаше ниту една оставка! Ниту министер, ниту директор, ниту началник. Никој!
Колку уште треба да се случи за некој да покаже барем грам чувство на морал и одговорност?
Живееме во систем без совест, каде функцијата е поважна од човечкиот живот.
Ова не е политика — ова е срам, дно, и доказ дека државата одамна ја изгубила човечноста.



