На денешната седница на Советот на Општина Кочани, за нов претседател беше избран Александар Андов, кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Сепак, изборот предизвика реакции и дилеми во јавноста, бидејќи независните советници кои во повеќе наврати нагласуваа дека не поддржуваат партиски интереси, го поддржаа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, иако имаше предлог и за друг кандидат.
Од вкупно 19 членови на Советот, за Андов гласаа:
советниците од ВМРО-ДПМНЕ (8),
независната листа предводена од Влатко Здравков (2),
независниот советник Аки Акиов (1) и
ЗНАМ (1).
Овој исход отвора прашања во јавноста за конзистентноста на независните советници и влијанието на политичките договори во Советот, особено кога станува збор за функции кои треба да бидат од јавен, а не партиски интерес.

