Работните активности на комуналните служби на улиците „Скопска“ и „Тоше Проески“. Се собираше смет, отпад и се отстрануваше трева околу рабниците. Комуналното претпријатие апелира за одговорно однесување со отпадот — но прашањето е: дали тоа е доволно?
Само во Кочани може тротоар да изникне со трева, а тоа да се смета за „редовно одржување“. Сомнителните тендери и недостатокот на вистинска механизација резултираат со град во кој улиците се „чистат“ со лопати и гранки — како пред неколку децении.
Ако навистина имавме модерни машини за професионално перење и чистење, улиците ќе беа уредни и хигиенски одржувани, а не само повремено исчистени улици и метачи кој работат само по неколку часа.



