Нашите баби и дедовци ни покажуваа дека дворот и просторот околу куќата треба да се измете и исчисти секое утро. Уште пред да се раздени, можеше да ги видиш сите како си метат пред својата врата, а потоа се пиеше утринско кафе – со ред, почит и чувство дека маалото е наше заедничко.
Денес, дојде некое чудно време и чудни навики. Комшии што не живеат со комшии, ѓубре фрлено пред врата, обраснати дворови и запуштени тротоари. Станавме себични и чекаме некој друг да ни ја заврши работата.
А вистината е едноставна:
Градот е онолку убав колку што ние се грижиме за него.
Да се вратиме на старите навики – ред, чистота и почит меѓу луѓето. Секој нека почне од својот праг.

