Граѓаните сè почесто реагираат дека некултурни поединци оставаат кеси покрај самите контејнери, наместо да ги спуштат внатре. Дополнително, контејнерите се валкани, неодржувани, а вработените често го оставаат отворен делот каде се вметнува кабелот за подигање, што остава впечаток на целосна неорганизираност.
Ваков степен на неодговорност – и од поединци и од службите – дава лош впечаток за целиот град.
Хигиената е заедничка обврска. Ако сакаме модерен и чист Кочани, мора сите да се вклучиме, но и институциите конечно да си ја завршат работата.



